Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на образование. Дисциплината во училиштата треба да го почитува човечкото достоинство на децата. Основното образование треба да биде бесплатно."
Член 28, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Обука за застапување и лобирање - Совет на Млади на Град Скопје

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Коалиција на младински организации СЕГА организира дводневна обука на тема „Застапување и Лобирање“во периодот од 24-26 ноември 2017 година во хотел Амбиент Струга. На обуката членовите на Советот на Млади имаа можност да се стекнат со техники и вештини за застапување и лобирање придонесувајќи за подобрување на нивните способности да делуваат во текот на  работата на Советот на Град Скопје. На обуката се користеа различни методи како: игри на улоги, работа во мали групи, студии на случај и презентации преку кои учесниците се стекнаа со вештини и различни техники за практикување стекнатото знаење.

Земајќи ги во предвид постојните капацитети на младите, и важноста на улогата на членовите на Советот на Млади која ја имаат во работата на Советот на Град Скопје, неопходно е да се обезбеди дополнителна поддршка за овие групи да ги развијат своите вештини и способности за застапување.

Оваа обука е дел од активностите на проектот „ОСПОСОБУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ДА ИМААТ АКТИВНА УЛОГА ВО ПРОЦЕСИТЕ НА КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ И ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ“, со поддршка на Град Скопје.

 

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

March 2018 April 2018 May 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30