Коалиција на младински организации СЕГА има за чест да Ве покани за учество на Конференција „Препознавање на потребите на групата на млади во НЕЕТ ситуација, преку политики за млади и младинско информирање“.
Овој настан е во состав на проектот „Младинските информативни центри по мерка на потребите на НЕЕТ групата на млади" кој го спроведува Коалиција СЕГА во рамките на Еразмус + програмата, акција КА2 Стратешко партнерство со партнери од Хрватска и Полска, кои работат на иновативен пристап во идентификување на модели на младинско информирање, кое ќе одговара на потребите на младите од групата на НЕЕТ. (НЕЕТ - група на млади кои не се повеќе во образовниот систем, кои не работат и не се обучени да бараат работа).
Конференцијата „Препознавање на потребите на НЕЕТ групата на млади преку политиките за млади и младинско информирање“ ќе се одржи на 16 и 17 април, 2018 година во хотел Континентал во Скопје.
За учество на овој настан ќе бидат селектирани 50 учесници, млади и преставници од локални самоуправи и релевантни институции во Р. Македонија.
Се покануваат сите заинтересирани млади и преставници од локални самоуправи и релевантни институции да ја пополнат апликација за учество на Конферецијата.
Краен рок за доставување на апликации е 10 април, 2018 година.
< Prev | Next > |
---|
Last Updated on Thursday, 22 March 2018 15:31