Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на квалитетна здравствена заштита, здрава храна и чиста животна средина."
Член 24, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

OСТВАРЕНА СРЕДБА ЗА СОРАБОТКА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ЗА ПРОЕКТОТ „ЗАСТАПУВАЊЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА АКТИВНО МЛАДИНСКО УЧЕСТВО“

  • PDF
  • Print
  • E-mail

На 28.03.2018 година, во просториите на општина Кривогаштани беше остварена средба со претставници на општина Кривогаштани со цел идентификување на можностите за соработка за имплементација на проектот „Застапување на Граѓанските Организации за активно младинско учество“. На средбата присуствуваа претставници од партнер организациите на проектот и претставници од локални граѓански организации каде се презентираа активностите во рамките на проектот, очекуваните резултати и се разговараше за поддршката од општина Кривогаштани.

Коалиција СЕГА започна да го спроведува проектот „Застапување на Граѓанските Организации за активно младинско учество“ кој има за цел зголемување на дијалогот помеѓу граѓанските организации, младите и донесувачите на одлуки во општина Кривогаштани. Проектот ќе се спроведува во  партнерство со Здружение за рурален развој, Локална акциска група - Агро Лидер и Младинска иницијатива за регионален развој - МИРР  од општина Кривогаштани.

 Проектот ќе се спроведува во периодот од март до октомври 2018 година и предвидува серија на активности за градење на капацитети на локалните граѓански организации за повеќе теми кои би придонеле за зголемување на младинското учество и влијанието на граѓанските организации кои ги застапуваат младите во процесите на донесување на одлуки преку менторство, лобирање и поддршка. Исто така предвидени се повеќе настани на локално ниво со вклучување на локалните млади од општина Кривогаштани.

Проектот е финасиран од програмата за мали грантови на Преда Плус преку проектот "Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации". Проектот е финансиран од Европска Унија. Референца: EuropeAid / 151569 / DD / ACT / MK.

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

August 2018 September 2018 October 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30