Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да кажат што мислат. Кога возрасните носат одлуки кои ги засегаат, децата имаат право нивните мислења да се земаат предвид."
Член 12, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

КОАЛИЦИЈА СЕГА ПОВИКУВА НА ИНКЛУЗИВЕН ПРОЦЕС ЗА КРЕИРАЊЕ НА ЗАКОН ЗА МЛАДИ

  • PDF
  • Print
  • E-mail

По повод отпочнувањето на процесот за креирање на Законот за млади, денеска во Собранието на Република Македонија се одржа јавен настан на кој се дискутираше начинот на креирање на Законот, како и потребите, правата и обврските на младите кои треба да бидат уредени со овој закон.

Модератор на овој настан беше пратеничката Ивана Туфекџиќ, а на настанот говореа: потпретседателката на Собрание на Република Македонија, Фросина Ташевска Ременски; директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски; пратеничката Невенка Стаменковска; претседателот на Националниот младински совет на Македонија, Блажен Малески; пратеникот Костадин Костадинов; извршниот директор на Коалиција СЕГА, Зоран Илиески; пратеникот Агим Шаќири и пратеничката Теута Биљаљи. 

Процесот за креирање на Законот за млади започнува на иницијатива на Клубот за младински прашања и политики при Собрание на Република Македонија. Креирани се три работни групи, од кои едната е составена од пратеници-членови на Клубот за младински прашања и политики, втората предводена од Агенцијата за млади и спорт, а составена од претставници на институциите на Владата на Република Македонија и третата која е составена од претставници на граѓански организации-членови на најголемите младински чадор организации во државата.

По серијата средби, трите групи креираа предлог-процес за креирање на Закон за млади, кој обезбедува широк, инклузивен и сеопфатен пристап. На креирањето на овој закон ќе му претстојат широки консултации на локално и национално ниво, јавни трибини и дискусии со академска и експертска фела, институционални мапирања, како и серија на јавни расправи. Ова е прв случај на отпочнување на легислативен процес со вклученост на сите засегнати страни. 

„Ни претстои процес многу краток, но многу партиципативен. Она што го посочуваме како работна група е дека овој процес треба да биде мотив за секој млад човек и секој оној кој доаѓа од граѓанска организација да го даде својот придонес во истиот“ – истакна Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција на младински организации СЕГА.

Last Updated on Thursday, 12 April 2018 14:19

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ЛЕТЕН КАМП ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

June 2018 July 2018 August 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31