Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да мислат и да веруваат во што сакаат, и да ја практикуваат својата вероисповест, доколку со тоа не спречуваат други луѓе да ги уживаат своите права. Родителите треба да им даваат насоки на своите деца по овие прашања."
Член 14, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

ПОВИК ЗА ИЗБОР НА СОРАБОТНИК/СОРАБОТНИЧКА НА ПРОЕКТОТ ,,YOUNG MEDIA“

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Во рамките на проектот "Young Media", спроведуван од страна на Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Факултети МК, а поддржан од страна на Deutsche Welle Академија, финансиран од страна на Република Германија – Сојузно министерство за економска соработка и развој (Bundesministerium für wirtschaftliche zusammenarbeit und Entwicklung), ги повикуваме сите заинтересирани (членови на младински органзиации) да се пријават за учество во проектот во улога на соработник/соработничка.

Проектот Young Media e  едногодишен проект спроведен од страна на Коалиција СЕГА  и има за цел да ги мотивира и да ги поттикне младите луѓе да учествуваат во создавањето на медиумските содржини како и тие содржини критички за ги осмислат и променат.

Повеќе за Deutsche Welle академијата можете да најдете на овој линк:  http://www.dw.com/en/dw-akademie/about-us/s-9519

Од соработниците на проектот се очекува следното :

-           Присуство и активно учество во обуката за спроведување на фокус групи

-           Имплементација на 1 фокус групи во согласност со добиените упатства и зададените рокови, како и известување за работата

-           Комуникација со обучувачи и претставникот на Коалиција СЕГА доколку има потреба

-           Собирање на документација (сметки , фактури...) за други трошоци и нивно навремено доставување

-           Присуство на евалуациски состаноци

Рокови и дополнителни информации:

Обука:

Време и место на обуката: 12-13 мај 2018, Струга

Фокус групи:

Краен рок за спроведување и известување од фокус групата: јуни 2018

Пријавувањето  за оваа обука е задолжително да се изврши преку формуларот за апликација кој е на следниов линк: https://docs.google.com/a/sega.org.mk/forms/d/1UD6XlGGilNN-r5FwGELYiOT04RltvQB5rXvcBTEND9A/edit?usp=drive_web

Краен рок за доставување на апликации е 26 април 2018 година, до 17:00 часот. Учесниците на обуката ќе бидат известени за резултатите од изборот на 27 април 2018 година.

Број на места: 10 соработници

Надомест:

Учесниците кои ќе ги извршуваат активностите во согласност со договорот ќе добијат надомест од 50 евра, бруто, во динарска противвредност, врз основа на договорот за ангажман.

Трошоци:

Трошоците за обука и материјалите за спроведување на фокус-групите се покриени од страна на Коалиција СЕГА.

Критериуми за избор:

-           Мотивација

-           Подготвеност за учество во целиот процес

-           Интерес за медиумското поле

При изборот, комисијата ќе биде водена од идејата за географска и полова еднаквост.

Предноста на процесот на селекција ќе биде доделена на апликантите кои доаѓаат од организациите членки на Коалиција СЕГА.

Дополнителни информации ќе бидат испратени до избраните кандидати.

За било какви прашања, ве молиме контактирајте не на e-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it  

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

September 2018 October 2018 November 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31