Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на квалитетна здравствена заштита, здрава храна и чиста животна средина."
Член 24, Конвенција за правата на детето

K3 YWPD

Придонес на Коалиција СЕГА во дефинирањето на младинската работа во Македонија

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Агенција за млади објавува го спроведува проектот „Развој на политика за Младинска работа”, поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, преку Програмата ЕРАЗМУС +, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог). 

Целта на овој проект е да се овозможи активно вклучување на младите луѓе и младинските организации преку граѓански дијалог со релевантните донесувачи на одлуки, со што ќе се обезбеди значајно влијание на иднината на младите луѓе со фокус на дефинирање на препораки за развој на програма за младинска работа, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси во согласност со критериумите за членство во ЕУ.

Краен продукт на проектот беше позицискиот документ Придонес на Коалиција СЕГА во дефинирањето на младинската работа во Македонија кој беше доставен до Агенцијата за млади и спрот на Р. М.

Погледнете го документот на следниов линк.

Last Updated on Monday, 24 July 2017 13:48

 

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА НАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Агенција за млади објавува повик за учество на Национална Работилница за креирање на Документ со Препораки за Признавање на Младинската Работа. Овој настан е во состав на проектот „Развој на политика за Младинска работа”, поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, преку Програмата ЕРАЗМУС +, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог).

Целта на овој проект е да се овозможи активно вклучување на младите луѓе и младинските организации преку граѓански дијалог со релевантните донесувачи на одлуки, со што ќе се обезбеди значајно влијание на иднината на младите луѓе со фокус на дефинирање на препораки за развој на програма за младинска работа, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси во согласност со критериумите за членство во ЕУ.

Во првата фаза на проектот беше организирана Национална Конференција „Како до признавање на младинската работа во Р. Македонија“ со носители на одлуки на национално ниво. Следуваа локални дискусии во 10 градови (Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Дебар, Тетово, Скопје, Штип, Кавадарци и Струмица) на кои се прибираа мислењата на младите луѓе и претставниците на локалните институции во однос на чекорите.

Целта на настанот е да се дефинираат клучни препораки за признавање на младинската работа преку примената на методот на Структурен Дијалог, односно заеднички консултативни средби на младите и институциите по однос на младинските политики. Според тоа, Коалиција СЕГА ќе ги сподели работните материјали од локалните дискусии со учесниците како влезни материјали за главните активности на настанот.

За учество на овој настан ќе бидат селектирани 30 претставници на средношколски, студентски и младински организации, како и Совети на млади и 15 претставници на локални и национални институции. Работилницата ќе се одржи во периодот од 15 – 18 ноември 2016 година во Струга. Техничките детали за работилницата околу сместувањето и патните трошоци ќе бидат споделени дополнително со  селектирани учесници.

Сите заинтересирани за учество во оваа работилница треба да достават пополнета Апликација и номинација од матичната организација на следната адреса This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it This e-mail address is being protected from spam bots, you need JavaScript enabled to view it со назнака „Апликација за учество на работилница“.

Краен рок за испраќање на апликации е 09 ноември 2016 година. Непотполните и ненавремено доставените апликации нема да се разгледуваат.  

Селектираните учесници на работилницата ќе бидат известени најдоцна до 11 ноември 2016 година.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации слободно контактирајте со:

Моника И. Кантарџиоска
Раководител на програма

Коалиција на младински организации СЕГА
Е-маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
Тел:     +389 77 762 767; +389 48 429 390

 

ПРЕЗЕМЕТЕ: Апликација за учество на Национална Работилница

Last Updated on Tuesday, 01 November 2016 17:12

 

ИНТЕГРИРАЊЕ НА МЛАДИНСКАТА РАБОТА ВО СИСТЕМОТ НА ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Агенцијата за млади и спорт ја одржаа национална работилницата  „Како до признавање на младинската работа во Р. Македонија“ во Скопје. На Конференцијата учествуваа претставници на Центарот за образование на возрасни, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и други релевантни институции, како и претставници на граѓанскиот сектор, меѓу кои и Советот за младинска работа и Младински Културен Центар – Битола.

Целта на овој проект е да се овозможи активно вклучување на младите луѓе и младинските организации преку граѓански дијалог со релевантните донесувачи на одлуки, со што ќе се обезбеди значајно влијание на иднината на младите луѓе со фокус на дефинирање на препораки за развој на програма за младинска работа, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси во согласност со критериумите за членство во ЕУ.

Заклучоци од Конференцијата за признавањето на младинската работа во Македонија:

  • Отворање на процес на консултација со соодветни социјални актери (државни институции, локална самоуправа, граѓански организации) и млади луѓе
  • Институционализација на младинската работа и одредување на ниво на сетификација
  • Развивање на стандарди
  • Меѓуинститунционална/меѓуминистерска соработка за валоризација на сертификатите (правилник во МОН  за работа во образовни институции)
  • Акредитирање на потенцијални испорачувачи на обука на младински работници

На конференцијата учесниците имаа можност да слушнат за европските практики во регулирањето и признавањето на младинската работа како и да дефинираат клучни чекори како младинската работа да биде признаена и во Македонија.

Зоран Илиески - извршен директор на Коалиција СЕГА .„Неопходно е интегрирање на младинската работа во системот на доживотно учење и обезбедување на квалитет на оние кои секојдневно работат со деца и млади. Многу важна е покажаната спремност на институциите за следење на европските практики и изнаоѓање на модел за препознавање на работата со млади како професија“.

Конференцијата се организираше во состав на проектот „Развој на политика за Младинска работа”, поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, преку Програмата ЕРАЗМУС +, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог). 


Last Updated on Friday, 14 October 2016 15:49

 

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

Contact us

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

September 2017 October 2017 November 2017
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31