Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на образование. Дисциплината во училиштата треба да го почитува човечкото достоинство на децата. Основното образование треба да биде бесплатно."
Член 28, Конвенција за правата на детето

Active EVS Calls

ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ ЗА ЕВС ВОЛОНТЕРИ ВО ИТАЛИЈА

  • PDF
  • Print
  • E-mail



ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ ЗА ЕВС ВОЛОНТЕРИ ВО ИТАЛИЈА

ОБЛАСТ 1: МЛАДИНСКИ ЦЕНТРИ И МЛАДИНСКИ ИНФОРМАТИВНИ КАНЦЕЛАРИИ

Број на волонтери: 1

Опис: Студиото за проекти за социјална работа реализира активности за деца и млади во различни области: информации, образование, социјално вклучување и младинско учество. Исто така, управува со веќе постоечките младински информативни центри и работи во областа на младинското информирање и активно вклучување на младите во општеството. Истиот се занимава со советување во областа на образование, обуки и работа,  мобилност во странство и младинско учество. Во моментов менаџира со 4 Младински Информативни и Советодавни Центри: во Валдагно (Valdagno), Корнедо  (Cornedo), Трисино (Trissino) и Арцињано (Arzignano). Од 2001 година Канцеларијата за младинско информирање во Валдагно е дел од мрежата Еуродеск.

Задачи на ЕВС волонтерот: Волонтерот ќе работи и ќе ги извршува неговите/нејзините активности главно во Младинскиот Центар во Валдагно , но тој/таа ќе биде вклучен и во активностите на другите центри.  

Волонтерот ќе биде вклучен во следните активности:

Работа со млади луѓе, односи со јавност, работа со ученици од средните училишта, давање на основни информации за ЕВС и други можности (работа, волонтерството, младинско учество, итн) • организирање на настани • Подобрување на младинското учество преку учество во проектни активности• Ажурирање на базата на податоци и статистички инструменти • Поддршка и работа на европски проекти • учество во група за разговор на странски јазик • Отворање и поддршка на блог за ЕВС (во соработка со другите ЕВС волонтери) • учество на состаноците за мобилност во странство.

Профил на волонтерот:

На возраст од 18-30 години, да е заинтересиран за младински цели, да има желба за да биде вклучен во комуникација со млади, тимски дух, одговорен, креативен, љубопитен , да поседува добри компјутерски вештини, интернет, социјални мрежи итн.

Период на волонтирање: Октомври 2017 – Мај 2018.

Сите заинтересирани за овој повик може да аплицираат со пополнување на апликацијата на следниот линк: https://form.jotformeu.com/70112550622341.

ОБЛАСТ 2: РАЗВОЈ НА ЕВРОПСКИ ПРОЕКТИ

Број на волонтери: 1

Опис на местото на волонтирање: Студиото за проекти поврзани со социјална работа менаџира неколку Европски проекти во областа на младите, како што се меѓународни младински размени, обуки и ЕВС проекти.

Задачи: Волонтерот ќе биде вклучен во следните активности: • Работа на меѓународно поле (Еразмус+) • Поддршка на Студиото со идеи за проекти, управување со проекти, имплементација на проекти и организација на настани • Соработка со меѓународни партнер организации  • работа со ученици во средните училишта, споделување на основни информации за ЕВС програмата и други можности (работа, волонтеризам, младинско учество, итн) • Подобрување на учеството во проекти за активно граѓанство • учество во група за разговор на странски јазик • креирање и поддршка на блог за ЕВС (во соработка со другите ЕВС волонтери).

Профил на волонтерот: возраст од 18-30 години, заинтересираност за прашања поврзани со младите, комуникација со младите, тимски дух, одговорен, точен, прецизен со добри компјутерски вештини, интернет, социјални мрежи, способност за решавање на основните проблеми и флексибилен пристап.

Место: Валдагно, Италија.

Период на волонтирање: од Ноември 2017 – Јуни 2018.

Сите заинтересирани за овој повик може да аплицираат со пополнување на апликацијата на следниот линк: https://form.jotformeu.com/70112550622341.

 

ОБЛАСТ 3: ЕДУКАТИВНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ВОН-УЧИЛИШНИ АКТИВНОСТИ И ЛЕТНИ КАМПОВИ ЗА ДЕЦА

Број на волонтери: 1

Опис: Студиото за проекти за социјална работа менаџира вон-наставни активности во текот на цела учебна година (Септември -  Јуни) и активности за време на летниот распуст: летни кампови, во различни општини по долините на реката Агно (Agno) и Кјампо (Chiampo). Активностите се за деца на возраст од 6-10 години и за млади на возраст од 11-14 години. Во центрите за деца, во попладневните часови, операторите им помагаат во нивната домашна работа и ги вклучуваат во рекреативни активност. Во младинските центри, младинските работници раководат со активности за социјализација и организирање  на микро-активности предложени од страна на самите млади. Во летните кампови децата и младите се вклучени во различни видови на активности: спортски активности на отворено, танц, ракотворби, театар.

Задачи: Волонтерите ќе бидат вклучени во следните активности • прво добредојде на децата• поддршка во реализацијата на планираните активности (креативни лаборатории, патувања / прошетки, спорт, итн ...) • да учествуваат на состаноците на персоналот на неделно ниво. Волонтерот ќе биде вклучен во планирањето работни задачи •учество во група за разговор на странски јазик • учество на состаноците за мобилност во странство • креирање и одржување на блог за ЕВС (во соработка со другите ЕВС волонтери).

Профил на волонтерите: возраст од 18-30 години, заинтересираност за работа со деца,  тимски дух, трпеливи, одговорни, креативни, отворени за соработка.  

Место: Корнедо Вичентино (Cornedo Vicentino), Италија.  

Период на волонтирање: од октомври 2017 година – Мај 2018.

Сите заинтересирани за овој повик може да аплицираат со пополнување на апликацијата на следниот линк: https://form.jotformeu.com/70112550622341.

 

ОБЛАСТ 4:NO PROBLEM“ УСЛУГИ  

Број на волонтери: 1

Опис: Проектот се однесува на лица со инвалидитет, одосно лица со посебни потреби. Kорисници на услугите на овој сервис се околу 17 луѓе, од кои повеќето користат инвалидски колички или имаат потешкотии со движењето. Главните активности на  корисниците на услугите се состојат во користење на компјутер и тоа:  внесување на податоци, пишување  на едноставни текстови, едноставени графички дела, фотокопии итн. Исто така, учество во секојдневни друштвени активности како кафе пауза и ручек. Со проектот ќе се организираат патувања предложени од страна на раководителите во согласност со барањата на корисниците на услугите.

Задачи: Волонтерот ќе биде вклучен во следните активности • работа со лица со посебни потреби, поддршка на раководителите и едукаторите во управување со ИТ услуги • помош во работата на корисниците на услугите на сервисот (внес на податоци во компјутер, пишување на текст, графички дела итн) • да учествува во група за разговор на странски јазик • да учествува на состаноците за мобилност во странство • креирање и оддржување на блог за ЕВС (во соработка со другите ЕВС волонтери ).

Профил на волонтерот: на возраст од 18-30 години, треба да бидат заинтересирани и предиспозиција за работа со лица со попреченост, тимска работа, но, исто така овој проект нуди користење на сопствени иницијативи на волонтерот. Треба да бидат одговорни, креативни, љубопитни.

Место: Cornedo Vicentino, Италија

Период на волонтирање: од ноември 2017 – јуни 2018.

Сите заинтересирани за овој повик може да аплицираат со пополнување на апликацијата на следниот линк: https://form.jotformeu.com/70112550622341.

 

Last Updated on Tuesday, 31 January 2017 11:51

 

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

Contact us

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

May 2017 June 2017 July 2017
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30