Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на образование. Дисциплината во училиштата треба да го почитува човечкото достоинство на децата. Основното образование треба да биде бесплатно."
Член 28, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

USAID CEP

Денес во СЕГА се одржа обука на тема “Cyber Security”

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Денес, 11 април 2018 година, со почеток во 11:00 часот во просториите на Коалиција на младински организации СЕГА во Прилеп се одржа обука на тема “Cyber Security”.

Обуката беше со цел јакнење на капацитетите на вработените во Коалиција СЕГА и претставниците од организациите членки на СЕГА на темата безбедност на интернет.

На обуката присуствуваа 13 претставници од: Младински Информативен Центар „ИНФО СЕГА“ Прилеп и Кавадарци, Коалиција на младински организации СЕГА, Младински Совет Прилеп, Волонтерски Центар Скопје, „Еколоџик“ Скопје и „Хуманост кон младите“ О. Долнени.

Обуката се спроведе во поддршка на USAID во рамки на програмата Civic Engagement Project (CEP).

Last Updated on Wednesday, 11 April 2018 14:39

 

КОАЛИЦИЈА СЕГА ЌЕ ПРИМЕНУВА ИНДЕКС ЗА МЛАДИНСКИ РАЗВОЈ МАКЕДОНИЈА

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Денес, 4-ти април 2018 година, во хотелот АРКА во Скопје, Коалицијата на младински организации СЕГА официјално го промовира Индексот за младински развој Македонија во рамките на проектот „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници“. Истиот е поддржан од проект на УСАИД за граѓанско учество.

Александар Цеков, надворешен консултант, истражувач во Центарот за Истражување и Креирање Политики (ЦИКП), истакна дека „Индексот за младински развој на Македонија е алатка која што е развиена со цел да прибере информации за положбата на младите во рамки на заедницата во која што живеат, како и да ги утврди предизвиците со кои што тие се соочуваат со цел да се идентификуваат прашањата од приоритетно значење за младите и врз основа на аргументирана анализа да се дадат препораки за нивно надминување преку процесот на креирање политики на локални ниво. Во тој поглед, анализата на податоците добиени со оваа алатка, ќе овозможат младите поактивно да се вклучат во креирањето на политики, како и во процесот на поставување на самата агенда за креирање политики од интерес на младите, со што самиот процес би бил попартиципативен и посензитивен за потребите на младите како на локално, така и на национално ниво. Понатаму, со оглед на тоа што Индексот е развиен врз база на Глобалниот индекс за младински развој (поддржан од Комонвелтот) истиот овозможува споредливост на резултатите, што пак дава можност за примена на добри практики во решавање на младинските прашања кои што се поттикнати од анализа на податоците добиени од Индексот”.

Last Updated on Tuesday, 10 April 2018 13:06

 

НАЈАВА, 04.04.2018, ХОТЕЛ АРКА - СКОПЈЕ: ПРОМОЦИЈА НА ИНДЕКС ЗА МЛАДИНСКИ РАЗВОЈ МАКЕДОНИЈА

  • PDF
  • Print
  • E-mail

На 4-ти април 2018 година, во хотел АРКА во Скопје, од 11:00 до 12:00 часот, Коалиција на младински организации СЕГА ќе организира промоција на Индексот за младински развој- Македонија во рамки на грантот „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници“, поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество. Грантот е тригодишна иницијатива што се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во соработка со Агенцијата за млади и спорт.

Заменик директор на проектот на УСАИД за граѓанско учество, Јетон Красниќи, директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски, извршниот директор на Коалиција на младински организации СЕГА, Зоран Илиески и надворешниот соработник на проектот, Александар Цеков ќе имаат кратки излагања.

Главната цел на проектот „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници”, е да се зголеми влијанието на младинските организации кон граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво, со што ќе се придонесе кон подобрување на статусот и добросостојбата на младите луѓе во државата. Целта ќе биде постигната преку примена на иновативни алатки за детектирање на младински потреби, со фокус на граѓанско учество, зајакнување на знаењата и вештините на младинските организации за адресирање на актуелните потреби на младите луѓе со што ќе се подобри разбирањето за младинското учество во локалната заедница. Проектот воведува Индекс за младински развој во Македонија, како нова и иновативна алатка за адресирање на потребите на младите на сите нивоа. Проектот се спроведува во соработка со Агенцијата за млади и спорт.

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЛОКАЛНИ ИСТРАЖУВАЧИ

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот: „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници“, поддржан од Проект на УСАИД за граѓанско учество спроведуван од Ист Вест Менаџмент Институт (East West Management Institute - EWMI) во партнерство со четири локални граѓански организации: Фондација за интернет општество „Метаморфозис“, Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ), Фондација Отворено Општество – Македонија (ФООМ), и Национален Младински Совет на Македонија (НМСМ). Во рамките на овој проект се објавува Повик за локални теренски истражувачи.

Се охрабруваат активисти и членови на младински организации да аплицираат за спроведување на процес на локално прибирање податоци во однос на граѓанското учество во процесите донесување на одлуки. За учество во оваа активност ќе бидат селектирани 24 локални теренски истражувачи собирачи на податоци од следните градови:

1. Велес - 1 лице  11. Радовиш - 1 лице
2. Кавадарци - 1 лице 12. Струмица - 1 лице                      
3. Свети Николе - 1 лице                    13. Прилеп - 1 лице
4. Неготино - 1 лице 14. Битола - 1 лице
5. Штип - 1 лице 15. Ресен - 1 лице
6. Кочани - 1 лице 16. Гостивар - 1 лице
7. Дебар - 1 лице 17. Тетово - 1 лице
8. Охрид - 1 лице 18. Теарце - 1 лице
9. Струга - 1 лице 19. Куманово - 1 лице 
10. Гевгелија - 1 лице                    20. Скопје - 5 лица


Локалните теренски истражувачи ќе имаат обврска да спроведат:

    • Анкети
    • Интервјуа со локални инстутуции
    • 1 Фокус групи (Велес, Штип, Скопје, Куманово, Струга, Струмица, Битола, Тетово) 

Процесот на прибирање на податоци е во рамките на Индексот за младински развој Македонија кој започнува да се применува за прв пат на национално ниво, во периодот април – мај 2018 година.

Ориентациона обука за методологијата на прибирање податоци ќе биде организирана во текот на април 2018 година. За спроведените активности предвиден е соодветен надомест во согласност со обемот на истражување.

Селекцијата ќе се базира врз основа на следните критериуми:

    • Високо образование – завршено или во тек
    • Претходно искуство во теренско истражување
    • Афилијација во граѓански организации кои работат со млади

* предност при селекцијата ќе имаат претставници на организации членки на Коалиција СЕГА.

Кандидатите кои сакаат да се пријават треба да пополнат ја пополнат е-Апликација во која треба да прикачат и своја кратка биографија (CV).

Краен рок за пополнување на апликацијата е 28 март 2018 годинаНенавремено и нецелосно доставените документи нема да се разгледуваат.

Коалиција СЕГА ќе ги контактира само селектираните кандидати.

Кликнете ОВДЕ за да почнете со пополнување на е-Апликацијата за локален теренски истражувач. 

Доколку имате технички проблеми при пополнување на апликацијата контактирајте не на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .

 

СОСТАНОК НА СОВЕТОДАВЕН ОДБОР НА ПРОЕКТОТ „ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЛАДИНСКАТА ВКЛУЧЕНОСТ ВО ЛОКАЛНИТЕ ЗАЕДНИЦИ“

  • PDF
  • Print
  • E-mail

На ден 23.01.2018 во просториите на Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје се одржа состанок на членовите на Советодавниот Одбор на проектот „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници“ .

На состанокот се изврши презентација на самиот проект, се усвои Деловникот за работа, како и се направија планови за реализација  на наредни активности во рамките на истиот.

Проектот „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници“  е во рамките на Проектот за Граѓанско Учество кој го спроведува Ист Вест Менаџмент Институт (East West Management Institute - EWMI) во партнерство со четири локални граѓански организации: Фондација за интернет опшество „Метаморфозис“, Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ), Фондација отворено опшество - Македонија (ФООМ), и Национален младински совет на Македонија (НМСМ), финансиски поддржан од УСАИД.

 

Page 1 of 2

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

March 2018 April 2018 May 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30