ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ОБУЧУВАЧИ „Прв чекор да станеш младински работник“

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ОБУЧУВАЧИ „Прв чекор да станеш младински работник“

Коалиција СЕГА објавува повик за учество на Обука за Обучувачи „Прв чекор да станеш младински работник“.  На обуката право на учество имаат претставници на младински и граѓански организации, како и претставници на центри за социјална работа.

*Предност во процесот на селекција за учество на обуката ќе имаат претставници на:

  • младински организации и организации кои работат со  млади во општина Гази Баба;
  • организации кои доаѓаат од редот на Основните членки на Коалиција СЕГА;
  • организации членки на Коалиција СЕГА.

Целта на оваа обука е младинските работници да се стекнат со знаења и вештини да спроведуваат комплетен почетен модул за идни младински работници, претставници од организации кои работат со млади. На обуката ќе се користат различни методи како: игри на улоги, работа во мали групи, студии на случај и презентации преку кои учесниците ќе се стекнат со вештини и различни техники за практикување стекнатото знаење.

Обуката генерално ќе придонесе кон подобрување на пристапот на граѓанските организации во полето на младинската работа како и зајакнување на капацитетите на самите вработени за работа со млади како дел од нивната секојдневна работа.

Работен јазик на обуката ќе биде Англиски.

Обуката ќе биде водена и реализирана од сертифициран обучувач од Нормандија - Франција, кој ќе ги пренесе искуствата и знаењата за работа со млади кои се применуваат во Франција.

Обуката за обучувачи ќе се одржи во периодот од 09 – 12 февруари, 2020 година во Струга. Техничките детали за обуката, околу сместувањето и патните трошоци, ќе бидат споделени дополнително со селектирани учесници.

Заинтересираните организации може да ги пријават своите претставници со пополнување на он-лајн пријава која ќе ја најдете на следниов ЛИНК.

КРАЕН РОК за пријавување е 09 јануари 2020 година до 16.00 часот.

Само селектираните учесници на обуката ќе бидат бидат контактирани најдоцна до 21 јануари 2020 година.

Доколку имате потреба од дополнителни информации контактирајте на емаил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. .

Обуката за обучувачи се спроведува со поддршка од Програмата на децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија - Франција и Северна Македонија, Општина Гази Баба и Коалиција СЕГА. 

 


Print   Email