Коалиција СЕГА објавува ПОВИК ЗА УЧЕСТВО на ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ДЕТСКОТО СЕЛО ПЕСТАЛОЦИ во Троген, Швајцарија

Коалиција СЕГА објавува ПОВИК ЗА УЧЕСТВО на ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ДЕТСКОТО СЕЛО ПЕСТАЛОЦИ во Троген, Швајцарија

Период на размена: 📆05.11.-19.11.2019 (Датум на поаѓање: 04.11.2019 и Датум на враќање: 20.11.2019)📆

 

➡️Право на пријавување имаат ученици родени 2006/2007 година кои посетуваат редовна настава во ОУ “Кочо Рацин” – Прилеп, ОУ “Кузман Јосифоски Питу” – Скопје, ОУ “Димитар Влахов” - Штип, ОУ “Тошо Велков Пепето” – Кавадарци, и ОУ “Братство Единство (Пенестиа)” - Дебар.

➡️Кандидатите треба да поседуваат валидна патна исправа (пасош) со рок на важност не порано од 📆22.05.2020 година.

➡️Предност при изборот ќе имаат кандидати/ки од ранливи категории - ученици кои живеат во рурални средини, ученици од семејства кои се корисници на социјална помош/детски додаток, деца без родители, припадници на различни етнички групи, итн. (на увид потребна е потврда за социјална помош/ детски додаток /редовен работен однос на родителите не постара од 30 работни дена).

➡️Предност ќе имаат учениците вклучени во проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија” (директна вклученост во моделот Дете правобранител и/или Ученичка организација)

➡️Право на учество имаат само кандидати/ки кои не учествувале претходно на Интеркултурна размена во Детското село Песталоци

➡️Финансиско учество на учесниците за размената: 3680,00 МКД.

➡️*Екскурзиите за време на размената не се вклучени во сумата за финансиско учество.

Интеркултурната размена се спроведува во рамки на проектот: “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија”.

Цел на размената: Учесниците да се здобијат со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти-дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури.

Одговорности по завршување на интеркултурната размена: Задолжителна вклученост на учесниците во имплементација на работилници за детски права наменети за децата од различните генерации од училиштето и активности од акционите планови креирани за време на размената а се директно поврзани со активностите во проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија”.

Пријавувањето на заинтересираните кандидати е исклучиво онлајн со пополнување на “Пријавата за учество” на следниот линк https://tinyurl.com/trogen-SEGA најдоцна до 06.10.2019 година. Потенцијалните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју во периодот 📆09.10.- 17.10.2019 година📆


Print   Email