ПРОДОЛЖЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПОЗИЦИСКИ ДОКУМЕНТ СО ПРЕПОРАКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА НАСИЛЕН ЕКСТРЕМИЗАМ МЕЃУ МЛАДИТЕ

ПРОДОЛЖЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПОЗИЦИСКИ ДОКУМЕНТ СО ПРЕПОРАКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА НАСИЛЕН ЕКСТРЕМИЗАМ МЕЃУ МЛАДИТЕ

Коалиција СЕГА го продолжува рокот за учество на Националната работилница за креирање на позициски документ со препораки за превенција на насилен екстремизам меѓу младите која ќе се одржи во периодот од 13-16 јуни 2019 година, во Хотел Бисер, Струга. На работилницата ќе учествуваат млади и донесувачи на одлуки од релевантни институции во Р. С. Македонија.

Националната работилница за креирање на позициски документ со препораки за превенција на насилен екстремизам е во рамките на проектот „Младинска работа во превенција на насилен екстремизам" кој го имплементира Коалиција на младински организации СЕГА. Проектот се спроведува со поддршка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку програмата Еразмус + Клучна акција 3 (Структурен дијалог).
Целта на проектот е младите луѓе и носителите на одлуки да станат свесни за процесите и ризиците што доведуваат до екстремизам и радикализација, исто така да се ангажираат во напорите за борба против екстремизам, индивидуално и колективно, на национално ниво и во рамките на нивните локални заедници.

Во првата фаза на проектот беше одржана Национална работилница со носители на одлуки на национално ниво каде се дискутираше постоечката состојба во државата во однос на превенција на насилен екстремизам и се дефинираа препораки за тоа како младинските работници можат да придонесат кон превенција на насилен екстремизам помеѓу младите.

Исто така беа одржани 10 локални дискусии со млади и преставници на институции во различни градови во нашата држава преку кои се прибираа мислењата на младите за препознавање и постоење на насилен екстремизам на локално ниво и мерки на превенција од насилен екстремизам.Како последна активност од проектот, националната работилница има за цел да креира документ со препораки за превенција на насилниот екстремизам помеѓу младите луѓе.

Сите заинтересирани млади (од 18 до 29 години) и претставници од невладини организации кои сакаат да бидат дел од оваа работилница ги покануваме да ја пополнат пријавата за учество на Националната работилница на следниот линк.

Краен рок за аплицирање: 10 јуни 2019 година.

Доколку имате потреба од дополнителни информации контактирајте на емаил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. .


Print   Email