„Младите и европските вредности“: Повик за учество на младински организации во „Програма за јакнење на капацитети за примена на Европските трендови и практики“

„Младите и европските вредности“: Повик за учество на младински организации во „Програма за јакнење на капацитети за примена на Европските трендови и практики“

Коалиција на младински организации СЕГА објавува повик за учество на 10 младински организации во „Програма за јакнење на капацитети за примена на Европски трендови и практики“ во рамките на проектот „Младите и Европските вредности“.

Програмата содржи три клучни сегменти:

  1. Обука за примена на ЕУ методологија за интегрирање на Европските трендови и практики меѓу младите
  2. Менторство во развивање на организациски алатки за ЕУ процедури
  3. Финансиска поддршка при спроведување на локални активности со млади

Преку повикот за учество ќе се изберат 10 младински организации кои ќе бидат вклучени во „Програма за јакнење на капацитети за примена на Европски трендови и практики“ во рамките на проектот „Младите и европските вредности“.

Согласно на потребите на младинските граѓански организации, програмата за јакнење на капацитети содржи три клучни сегменти:

  1. Обука за примена на ЕУ методологија за интегрирање на Европските трендови и практики меѓу младите, Овој сегмент предвидува дво-дневна обука на која ќе учествуваат по двајца претставници од селектираните 10 младински организации и организации кои работат со млади. Целта на обуката ќе биде да се зајакнат капацитетите на младинските организации со директни методи и активности кои организациите ќе можат да ги спроведуваат на локално ниво со младите, а во насока на промоција на Европските вредности меѓу младите. Со обуката младинските организации ќе се оспособат за спроведување на локални активности со млади во насока на промоција на европските вредности. Обуката ќе се спроведе во периодот од 06 - 08 март 2020 година.
  2. Менторство во развивање на организациски алатки за ЕУ процедури, СЕГА ќе обезбеди менторска поддршка при развивање на програми на младинските организации вклучени во обуката, при развивање на план за спроведување на последователни (follow up) активности на локално ниво и развивање на организациски алатки за ЕУ процедури. Менторството ќе се спроведува во периодот март - април 2020 година.
  3. Финансиска поддршка при спроведување на локални активности со млади, Овој сегмент има за цел да обезбеди примена на Европските вредности (метод на структурен дијалог и други трендови на ЕУ) од страна на вклучените организации. Оваа фаза ќе се спроведува во периодот април - мај 2020 година, а ќе бидат поддржани активности на организациите вклучени во програмата од типот на:
    • Организирање работилници за дискутирање на Европските вредности
    • Организирање на кафе средби

*Проектот предвидува средства за реализација на локалните активности со млади.

Заинтересираните организации може да се пријават со пополнување на оваа пријаванајдоцна до (петок) 21 февруари, 2020 година до 16.00 часот.

Само селектираните организации за програмата ќе бидат контактирани најдоцна до 27 февруари 2020 година.

 *Предност во процесот на селекција за учество на обуката ќе имаат претставници на:

  • организации кои доаѓаат од редот на Основните членки на Коалиција СЕГА и
  • организации членки на Коалиција СЕГА
  • младински организации и организации кои работат со млади

Доколку имате потреба од дополнителни информации контактирајте на е-маил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. не подоцна од 20 февруари 2020 година.

ПРИЈАВА ЗА ПРОГРАМА ЗА ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ.

НАПОМЕНА: Со пријавувањето за програмата се согласувате дека ќе бидете вклучени во сите три сегменти во програмата.

Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот „Младите и европските вредности“ поддржан од Генерален Секретаријат на Влада на Република Северна Македонија, преку Програмата за финансиска поддршка на здруженија и фондации. Проектот има за цел да придонесе кон развиен и одржлив граѓански сектор кој адекватно ги адресира потребите на младите.


Print   Email