ПОВИК ЗА АНКЕТАРИ

ПОВИК ЗА АНКЕТАРИ

КОАЛИЦИЈА НА МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ СЕГА ГИ ОХРАБРУВА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ НА ВОЗРАСТ ОД 15 - 17 ГОДИНИ ДА СЕ ПРИЈАВАТ

НА ПОВИК ЗА АНКЕТАРИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АНКЕТА ВО ОСНОВНИ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА!

Повикот се објавува во рамките на проектот „Алтернативен извештај за спроведување на Конвенцијата за правата на детето“. Проектот е поддржан од Детската Фондација Песталоци а се спроведува во периодот од 01 декември 2019 – 30 јуни 2020 година.

Целта на проектот е да се создаде објективна слика за имплементацијата на Конвенцијата во областите: учество, недискриминација, насилство, пристап до образование, легислативна/правна рамка и слобода на изразување на децата. Крајниот резултат на проектот е подготовка на Алтернативен Извештај со формулирани препораки кои ќе бидат презентирани пред Комитетот за Правата на Детето при Организацијата на Обединетите Нации.

Процесот на истражување вклучува анкета со која ќе бидат опфатени деца од 10 до 18 годишна возраст, која ќе даде релевантни податоци за моменталната ситуација со имплементацијата на Конвенцијата за правата на детето. Целни групи од истражувањето ќе бидат 1062 анкетирани деца од средните и основните училишта во Северна Македонија.

Анкетата ќе се спроведува во следниве општини/градови:

  1. Скопје (Карпош, Гази Баба, Кисела Вода, Чаир и Шуто Оризари)
  2. Куманово
  3. Крива Паланка
  4. Прилеп
  5. Битола
  6. Долнени
  7. Кавадарци
  8. Свети Николе
  9. Велес
  10. Штип
  11. Кочани
  12. Гевгелија
  13. Струмица
  14. Радовиш
  15. Тетово
  16. Гостивар
  17. Дебар
  18. Охрид
  19. Кичево и
  20. Струга.

Сите заинтересирани за учество во ова истражување можат да се пријават со пополнување на Апликација за анкетари најдоцна до 03 март 2020 година.

Еднодневна обука за анкетарите ќе биде спроведена на 10 март 2020 година, во Скопје. Учеството на обуката е задолжително за сите анкетари.

За дополнителни информации, слободно контактирајте со:

Моника Илиоска Кантарџиоска

Асистент на проектот

This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  

Коалиција СЕГА

Централна канцеларија

Телефон/факс: 048 429 390

* Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани најдоцна до 06 март 2020 година.

 

АПЛИКАЦИЈА ЗА АНКЕТАРИ


Print   Email