ЈАВЕН ПОВИК ЗА ТЕРЕНСКИ ИСТРАЖУВАЧИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ТЕРЕНСКИ ИСТРАЖУВАЧИ

Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот: „Алтернативен извештај за спроведување на Конвенцијата за правата на детето“, финансиран од Детската Фондација Песталоци, а го спроведува во периодот 01 декември 2019 – 30 јуни 2020 година.

 
Во рамките на овој проект се објавува Повик за локални теренски истражувачи.
Се повикуваат активисти и членови на младински организации да аплицираат за спроведување на истражување (интервјуа и фокус групи) со кое ќе бидат опфатени локални институции кои се вклучени во имплементацијата на правата на детето во Македонија. Преку истражувањето се очекува да се добијат релевантни податоци за моменталната ситуација со имплементацијата на Конвенцијата за правата на детето во Македонија.
Се охрабруваат активисти и членови на граѓански организации кои работат со деца и млади да аплицираат за спроведување на процес на локално истражување со кое ќе бидат опфатени локални институции кои се вклучени во имплементацијата на правата на детето во Македонија. Преку истражувањето се очекува да се добијат релевантни податоци за моменталната ситуација со имплементацијата на Конвенцијата за правата на детето.

За учество во оваа активност ќе бидат селектирани 24 локални теренски истражувачи од следните градови/општини:

  1. Скопје (Карпош, Гази Баба, Кисела Вода, Чаир и Шуто Оризари)
  2. Куманово
  3. Крива Паланка
  4. Прилеп
  5. Битола
  6. Долнени
  7. Кавадарци
  8. Свети Николе
  9. Велес
  10. Штип
  11. Кочани
  12. Гевгелија
  13. Струмица
  14. Радовиш
  15. Тетово
  16. Гостивар
  17. Дебар
  18. Охрид
  19. Кичево и
  20. Струга.

Локалните теренски истражувачи ќе имаат обврска да спроведат:

  • Интервјуа со претставници на локални институции (училишта, Центри за социјална работа, Граѓански организации)
  • Фокус групи со ученици во основни и средни училишта

Теренското истражување треба да се спроведе во периодот од 16 март - 10 април 2020 година. Ориентациона обука за методологијата на прибирање податоци ќе се одржи на 11 март 2020 година во Скопје - учеството е задолжително за сите истражувачи. За спроведените активности предвиден е соодветен надомест во согласност со обемот на истражување.

Селекцијата ќе се базира врз основа на следните критериуми:

  • Високо образование – завршено или во тек
  • Претходно искуство во теренско истражување
  • Афилијација во граѓански организации кои работат со деца и млади


* предност при селекцијата ќе имаат претставници на организации членки на Коалиција на младински организации СЕГА.

Краен рок за аплицирање е 03 март 2020 година. 

Коалиција СЕГА ќе ги контактира само селектираните кандидати најдоцна до 06 март 2020 година.

ПОПОЛНЕТЕ ЈА ОВАА АПЛИКАЦИЈА ЗА ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ НА ПОВИКОТ!


Print   Email