Јавен повик за избор на изведувач за развој на дигитална платформа за поддршка на младинско дигитално претприемништво

Јавен повик за избор на изведувач за развој на дигитална платформа за поддршка на младинско дигитално претприемништво

Hits: 157

Коалиција на младински организации СЕГА објавува јавен повик за избор на правно или физичко лице за развој на дигитална платформа во рамки на проектот „Младински дигитални претприемнички иницијативи“ (Digital Youth Ventures – Innovating Communities).

Платформата ќе претставува регионален дигитален хаб за промоција на стартап идеи развиени од млади луѓе, со цел нивно поврзување со потенцијални инвеститори, бизнис ангели и други поддржувачи на претприемништвото.

Избраниот понудувач ќе биде задолжен за дизајн, развој, тестирање и имплементација на веб-платформа која ќе овозможува:

На повикот можат да се пријават правни и физички лица. При изборот ќе се оценуваат финансиската понуда (60 бодови) и предлог-концептот и методологијата за развој (40 бодови).

Вкупниот расположлив буџет за реализација на задачата изнесува 750 евра (бруто). Се охрабрува користење на open-source технологии и постоечки платформи со цел оптимизација на трошоците и времето за развој.

Понудите треба да се достават по електронски пат на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., со назнака „Пријава за развој на Дигитална платформа“. Крајниот рок за доставување на понудите е 17 август 2026 година до 12:00 часот.

Целосниот јавен повик и техничките спецификации се достапни во прилог на оваа објава.

Само избраните понудувачи ќе бидат контактирани.

СЕГА го објавува јавниот повик во рамки на проектот „Digital Youth Ventures - Innovating Communities“, поддржан од Програмата BOOST Balkans имплементирана од ALDA - European Association for Local Democracy со финансиска поддршка од AFD - Agence Française de Développement], а во Македонија координирана од ALDA Balkans

ПРИЛОГ:

Јавен повик за избор на изведувач за развој на дигитална платформа за поддршка на младинско дигитално претприемништво

Print