Одржана локална дискусија во Кавадарци на тема:„Предизвици на практикување на волонтерство во заедницата“

Одржана локална дискусија во Кавадарци на тема:„Предизвици на практикување на волонтерство во заедницата“

Волонтирај! Инспирирај! Hits: 4182

Како дел од кампањата „ВОЛОНТИРАЈ за доброто на твојата заедница! ИНСПИРИРАЈ ги младите околу тебе!“ на ден 11ти јуни во Кавадарци се одржа  локална дискусија на тема „Предизвици на практикување на волонтерство во заедницата.

Кампањата има за цел да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање во нашата земја. Преку оваа кампања и предвидените активности ќе се влијае на подигнување на свеста кај младите за волонтирање со нивно вклучување во конкретни волонтерски локални акции.

Настанот беше организиран по повод 15 годишнината на Колицијата на младински организации „СЕГА“ од Прилеп, а спроведен од страна на Младински информативен центар „ИНФО СЕГА“ од Кавадарци. На дискусијата учествуваа претставници од Локалната самоуправа на Општина Кавадарци, членови од Советот на млади на Општина Кавадарци, членови од Граѓанскиот сектор, млади и локални волонтери. Се зборуваше за тоа колку луѓето сакаат да волонтираат, какви можности имаат за волонтирање и како до поголемо учество во волонтерски акции.

На оваа локална дискусија младите од Општина Кавадарци истакнаа дека има потреба вредностите за волонтирање во нашето општество  да се менуваат, бидејќи се погрешно перцепирани.

Print