ИНФО ДЕН - Волонтирај, Инспирирај!

ИНФО ДЕН - Волонтирај, Инспирирај!

Волонтирај! Инспирирај! Hits: 3484

Во рамките на националната кампања: #Волонтирај за доброто на твојата заедница! #Инспирирај ги младите околу тебе!, Младински Совет Прилеп како дел од Коалиција на младински огранизации СЕГА организира ИНФО ДЕН во центарот на Прилеп.

Инфо денот е со целпромоција на кампањата, а воедно ќе се промовира волонтерскиот сектор на МСП, а младите ќе имаат можност да се пријават за локални волонтери и активно да се вклучат во спроведување на волонтерски активности.

Доколку сакаш да бидеш дел од малку поразличен настан, слободното време да го искористиш продуктивно и активно да се вклучиш во подобрување на општата добросостојба дојди, информирај се, дознај и вклучи се!

 

Каде? - Градски Саат Прилеп

Кога? - 03.07.2019

Време? – 11 часот

 

Тимот на Младински Совет Прилеп ве очекува!

#Волонтирај #Инспирирај

Print