Запознајте се со Организација на жени на општина Свети Николе

Запознајте се со Организација на жени на општина Свети Николе

Волонтирај! Инспирирај! Hits: 3053

Организација на жени на општина Свети Николе е организација членка која од 2008 година е дел од семејството на Коалиција СЕГА. СЕГА не би била тоа што е денес, без активниот придонес на нашите организации членки и нивната грижа за младите на локално, регионално и национално ниво. #ВолонтирајИнспирирај #15годиниСЕГА

Организација на жените на општина Свети Николе работи на подобрување на условите за соодветна здравствена заштита на жените, децата и младите, активно вклучување на децата и младите вo општествените текови на живеење, како и почитување и заштита на човековите права со акцент на правата на жените.

ОЖОСВН има големо искуство со локални и интернационални волoнтери и развивање на волонтерската работа од најмала возраст и понатаму во текот на животот. Во својот делокруг на работење успеа да мотвира многу млади да се активираат како волонтери, да се вклучат во волонтерски активности кои придонесуваат за развој на заедницата. Има клучна улога во неформалнто образование на младите, организира едукативни работилници за волонтерството, волонтерското работење и придобивките од истото.

ОЖОСВН промовира активно младинско учество на локално ниво преку волонтирање и доследна имплементација на Законот за волонтерство на Р.Македонија. Во периодот од 2008-20016 година функционираше како Волонтерска Инфо Точка како дел од проектот Локален Волoнтерски Сервис. Преку овој проект се мобилизираа и реализираа 57 волонтери и волонтерски договори и се развија волонтерски позиции во општинската администрација, правосудни органи, државни органи и агенции, како и во невладини организации.

Дел од волонтерите на ОЖОСВН учествуваат во интернационални волонтерски програми. Во изминатите неколку години, 7 млади од Свети Николе беа дел од EVS програмата во различни земји. За волонтерските успеси не изостануваат ниту многубројните награди. Тројца волонтери од ОЖОСВН беа добитници на Национална волонтерска награда на Република Македонија.

ОЖОСВН верува во волонтерската работа и граѓанскиот ангажман на сите нивоа во општеството и понатаму продолжува со развој и унапредување на волонтерството.
Волонтерството придонесува кон изградба на хумано и развиено општество, засновано на солидарност, соработка и взаемност!

Волoнтирањето не е бесплатна работна сила, тука сила која креира и развива.

Оваа година СЕГА заедно со своите членки слави 15ти јубилеен роденден.

Во рамките на одбележувањето на нашиот заеднички јубилеј, креиравме Национална Кампања на тема за која веруваме дека ги поврзува сите наши организации членки. Националната Кампања под мотото „ВОЛОНТИРАЈ за доброто на твојата заедница! ИНСПИРИРАЈ ги младите околу тебе!“ има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање на младите во нашата земја.

Print