Запознајте се со ИРЗ Тетово

Запознајте се со ИРЗ Тетово

Волонтирај! Инспирирај! Hits: 483

ИРЗ Тетово е еден од основачите на Коалиција на младински организации СЕГА и е нејзин активен член од 27 Септември 2004 година. Коалиција СЕГА со помош на своите основни и придружни членки во кој е вклучен нивниот активен придонес има постигнато многу за младите на локално, регионално и национално ниво.

#ВолонтирајИнспирирај #15годиниСЕГА

ИРЗ е одржлива волонтерска граѓанска организација која работи на градење на демократски интегрирано и мултиетничко општество преку зајакнување на капацитети на индивидуалци, организации и институции.

ИРЗ се стреми кон создавање на хармонично мултиетничко општество на богати и образовани луѓе – општество без предрасуди.

ИРЗ  ја има следнава порака во однос на волонтирањето а  која е дел и од програмата во Стратешкиот План :  Проактивна младина,  волонтерство на повисок ранг

Програма за проактивна младина, волонтерство и полова еднаквост

 

ИРЗ во својата 25 годишна работа има многу големо искуство со волонтери и млади лица. Низ школата на ИРЗ се поминати  повеке од 50 волонтери. ИРЗ, волонтерите исто така ги вклучува и во работата на проекти и проектните активности.

Print