Запознајте се со МИРР од Кривогаштани

Запознајте се со МИРР од Кривогаштани

Волонтирај! Инспирирај! Hits: 3427

Младинска Иницијатива за Регионален Развој - МИРР Кривогашатани е втора година по ред во нашето семејството на Коалиција СЕГА, тие од минатата година се наша прдиржуна членка. СЕГА не би била тоа што е денес, без активниот придонес на нашите организации членки и нивната грижа за младите на локално, регионално и национално ниво.
#ВолонтирајИнспирирај #15годиниСЕГА

Мисијата на МИРР е: Активно вклучување на младите во процесите на донесување на одлуки на локално ниво и унапреддување на локалниот економски развој. Визијата на МИРР е: Зголемено учество на младите во донесувањето на одлуки на локално ниво. Формирана е во 2013 година.

Во МИРР во моментов членуваат 20 млади од кои 10 се активно вклучени. МИРР има реализирано проекти од областа на културата, образованието, социјалната политика и климатските промени. Дел од нив се: „Отворање на младински информативен центар- МИЦ“- НМС на РМ во соработка со МИРР спроведи иницијатива за отварање на МИЦ во општина Кривогаштани. Главна цел на овој проект беше да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво преку развој на младинскиот активизам, младинската работа и младинското учество во процесите на донесување на одлуки; Турнир во мал фудбал; Турнир во FIFA; Турнир во одбојка; Партнер организација во имплементација на проектот „365 Работнички Права“; Партнер организација во имплементација на проектот „Застапување на младинските организации за активно младинско учество“; Учество во работните групи во проектот Форуми на заедницата; Локални координатори во пишувањето и имплементацијата на Стратегијата за климетски програми 2014-2020. МИРР како невладина организација е формирана за подобрување на состојбата на младите, поддршка на младински иницијативи и активно помагање за унапредување на економскиот, социјалниот и културниот развој на општина Кривогаштани.
. МИРР функционира со следниве тела: Собрание; Извршен одбор; Управен одбор и надзорен одбор. МИРР има свој претседател; потпретседател, секретар и благајник.

Порака: Поголемо учество на младите во донесувањето одлуки на локално ниво со цел поголеми активности и настани поврзани со младите.

Оваа година СЕГА заедно со своите членки слави 15ти јубилеен роденден.
Во рамките на одбележувањето на нашиот заеднички јубилеј, креиравме Национална Кампања на тема за која веруваме дека ги поврзува сите наши организации членки. Националната Кампања под мотото „ВОЛОНТИРАЈ за доброто на твојата заедница! ИНСПИРИРАЈ ги младите околу тебе!“ има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање на младите во нашата земја.


#ВолонтирајИнспирирај
#15годиниСЕГА

Print