Запознајте се со ЦСЦД Дебар

Запознајте се со ЦСЦД Дебар

Волонтирај! Инспирирај! Hits: 405

Центар за одржлив развој на заедницата од Дебар (CSCD)  е осум години дел од семејството на Коалиција СЕГА.

СЕГА не би била тоа што е денес, без активниот придонес на нашите организации членки и нивната грижа за младите на локално, регионално и национално ниво.


#ВолонтирајИнспирирај #15годиниСЕГА

Нивната мисија е:„Секој човек има потенцијал да дејствува како граѓанин и да се залага за неговите потреби. Затоа, ние создаваме начини да се зајакне и да се поттикнат луѓето за да можат активно да учествуваат во развојот на општествата во кои живеат.“. Додека пак мисијата на CSCD е: „Регионален одржлив развој преку мобилизирање на граѓаните за активно учество стремејќи кон европските вредности во сферите на  добро владеење, подобар квалитет на живот, одржлив развој и  здрава животна средина“

Стратешки цели:

  1. Зајакнување на капацитетот на цивилниот сектор
  2. Поттикнување на меѓугранична соработка
  3. Промоција на одржлива употреба на човечките , природни и културни ресурси

Програмски Области:

Програма за локален развој и добро владеење

Програма за граѓански активизам и млади

Програма за животна средина

Здружението Центар за одржлив развој на заедницата  Дебар организираше еколошка акција која е дел од проектот “Заедно за чист Дебар”, Во акцијата учествуваа околу 20 волонтери на Здружението Центар за одржлив развој на заедницата, 10 млади од Градот ИФС од Франција кои беа гости на здружението и над 30 граѓани Дебар, млади, сопственици на продавниците, становници на околните згради на улица 8 Септември.

Главната цел на акцијата беше подигање на јавната свест кај граѓаните на Дебар за зачувување на младите дрва на главниот булевард на градот како и биолошка и атмосферската заштита на младите дрвја. Во акцијата над 300 стебла дрва се дезинфектира и се намачка со вар. Белиот вар освен визуелен ефект има и ефект на заштита од сонцето и дезинфекција на корето на стеблото.

Оваа година СЕГА заедно со своите членки слави 15ти јубилеен роденден.
Во рамките на одбележувањето на нашиот заеднички јубилеј, креиравме Национална Кампања на тема за која веруваме дека ги поврзува сите наши организации членки. Националната Кампања под мотото „ВОЛОНТИРАЈ за доброто на твојата заедница! ИНСПИРИРАЈ ги младите околу тебе!“ има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање на младите во нашата земја.
#ВолонтирајИнспирирај
#15годиниСЕГА

Print