Младите може да бидат слушнати
РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ
Наслов: “YOUth can be heard” (Младите може да бидат слушнати)
Финансиска поддршка: Национална Агенција за Европски образовни програми и мобилност преку Еразмус+, проект со регистарски број 2021-2-MK01-KA154-YOU-000040754
Времетраење: 01 март 2022 година – 31 октомври 2022 година
Цели:
Општа цел:
Да се зголеми учеството на младите во процесите на донесување на одлуки и во демократскиот живот на локално и национално ниво.
Специфични цели на проектот поврзани со програмата Еразмус+:
- Промоција на активно учество на младите во земјата, како и соработка, квалитет и вклученост во креирање младински политики во области кои ќе им помогнат на младите да бидат активни граѓани во заедницата,
 - Можности за ангажирање на младите во граѓанското општество, обезбедувајќи им патишта низ секојдневниот живот, но и во демократскиот живот со цел значајно социјално, граѓанско, економско и политичко учество на млади луѓе од различни позадини,
 - Водење дијалог и дискусии меѓу младите и донесувачите на одлуки за промоција на активното учество на младите во демократскиот живот на локално и национално ниво.
 
Целни групи:
- млади на возраст од 15 до 30 години на локално и национално ниво;
 - претставници на локални институции од различни општини на национално ;
 - локални младински совети на општини;
 - граѓански организации кои имаат активности и ги поддржуваат младите на локално и национално ниво;
 - донесувачи на одлуки.
 
Крајни корисници:
- 100 млади од различни општини на национално ниво директно вклучени во активностите
 - Локални младински совети на општини
 - Граѓански организации
 - Поширока јавност на национално ниво
 
Активности:
- Кампања за подигнување на свест за важноста од младинско учество на национално ниво
 - Средби на млади и претставници на младински совети во 5 општини
 - Развивање на младински иницијативи за потребите на младите
 - Работилници со млади за информирање за важноста на младинското учество
 - Национална работилница помеѓу млади и донесувачи на одлуки
 
Очекувани резултати:
Документ со младински иницијативи со цел и во насока на зголемување на квалитетот на животот за младите на национално ниво

