ПРОДОЛЖЕН РОК: ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТСКИ УСЛУГИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПОЛИТИКИ ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦА ВО УЧИЛИШТА

ПРОДОЛЖЕН РОК: ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТСКИ УСЛУГИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПОЛИТИКИ ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦА ВО УЧИЛИШТА

Коалиција на младински организации СЕГА, за потребите од спроведување на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, поддржан од Детската фондација Песталоци, објавува Јавен Повик за ангажирање на Експертски услуги за подготовка на политики за заштита на деца во училишта.

Ангажираните експерти ќе бидат одговорни за фасилитација на процес на подготовка на Политика за заштита на деца со следните конкретни задачи по училиште:

  • Испорака на 2 работилници за креирање на Политика за заштита на децата
  • Подготовка на Политика за заштита на деца во согласност со потребите на училиштата, позитивната законска регулатива и меѓународните практики.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА ЕКСПЕРТИ

  • Завршени додипломски студии во полето на општествени науки или сродни области на експертот (експертите со завршени постдипломски и/или докторски студии ќе имаат предност)
  • Најмалку 3 години искуство во работа на проекти и програми во образованието и/или правата на детето
  • Искуство во полето на детски права и заштита на децата
  • Искуство во фасилитација на настани
  • Претходно учество во процеси на подготовка на стратешки или законски документи поврзани со детските права ќе се смета за предност

Сите заинтересирани може да ја достават следната документација:

  • Професионална биографија (CV)
  • Мотивационо писмо

на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  со назнака: Пријава на јавен повик за експертски услуги за подготовка на политики за заштита на деца во училишта.

Краен рок за доставување на апликациите е 03 април 2024 година.

Краен рок за доставување на апликациите е 16 април 2024 година.

За подетални информации може да не контактирате на е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 29.03.2024 година.

Сите потребни информации поврзани со повикот може да ги најдете на следниот линк:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТСКИ УСЛУГИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПОЛИТИКИ ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦА ВО УЧИЛИШТА


Печати   Е-пошта