Call Us
Email at
Office Hrs
Monday - Friday: 09.00am until 16.30pm
First Network of Youth Organizations in Macedonia!
Овој документ со препораки е подготвен од страна на млади лица, учесници во проектот „Зајакнување на младите преку нови можности во Прилеп“ спроведуван од страна на Коалиција на младински организации СЕГА а со финансиска поддршка на СОС Детско Село.
Во позицискиот документ се вметнати препораките дадени од младите лица при реализација на локални активности на кои присуствуваа исклучиво засегнати млади лица вклучувајќи дискусии, медиумска кампања, петиција „Создаваме нови можности“ која беше потпишана од 350 лица, отворени денови за млади организирани во централното подрачје на Прилеп и преку директни интервјуа со невработени млади лица.
Поддржани со проектот, младите изработија акциски план од кој произлезе и овој документ со препораки со цел подобрување на состојбата со невработеноста на младите во нашиот регион.