Истражување за актуелните политики за младинско вработување на ЕУ и Република Македонија

Истражување за актуелните политики за младинско вработување на ЕУ и Република Македонија

Проектот „Креирање Ефективни Можности за Младинско Вработување“ (Creating Effective Youth Employment Possibilities) поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност преку ЕРАСМУС+ програмата, има за цел да обезбеди структурен дијалог помеѓу главните засегнати страни, носителите на одлуки и младите, давајќи придонес кон подобрување на состојбата со вработеноста на младите во Република Македонија.

Главни проектни активности се организирање на 10 локални дискусии и конференција, со вклучување на засегнатите страни, чии дискусии и видувања треба да резултираат со Документ со Политики (Position paper) за препораките што можат да придонесат за подoбрување на политиките за вработување на младите.

Истражувањето дава осврт на актуелните политики за младинско вработување на ЕУ и Република Македoнија, идентификувајќи насоки за локалните дискусии за подобрување на системот за премостување на транзицијата од образование до вработување на младите.

Истражување - Политики за младинско вработување

Date

23 October 2019

Tags

Research Reports