Јавен Повик: Вклучување на Локални Партнери / Младински Организации во Националната Кампања „365 Работнички Права за Младите!“

Јавен Повик: Вклучување на Локални Партнери / Младински Организации во Националната Кампања „365 Работнички Права за Младите!“

Ги покануваме младинските организации и организациите кои работат во полето на информирање на младите, или на темата за работнички права, активно да се вклучат во Кампањата „365 работнички права за младите!“.

Од 01 јануари 2018 година, Коалиција СЕГА преку Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Факултети.мк, Агенција за млади и спорт официјално ја започнаа Националната кампања „365 работнички права за младите!“.

Целта на кампањата е да ја подигне свеста кај младите за нивните работнички права.

Со вклучувањето во оваа кампања локалните партнери ќе имаат одговорност за реализирање на активности во согласност со своите можности и ресурси. Вклучувањето на локалните партнери во оваа кампања е на волонтерска основа. Локалните партнер организации ќе бидат промовирани континуирано во сите печатени и електронски материјали од кампањата „365 работнички права за младите!“.

Заинтересираните организации за вклучување во кампањата треба да испратат:

-           „Писмо со интерес за вклучување во кампањата „365 работнички права на младите“ кое ќе вклучува информации за Историјатот на работата на организација; 

-           Номинација со CV за контакт лице за кампањата/локален координатор на кампањата.

Информациите треба да се испратат на e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. најдоцна до 15 јануари 2018 година.

Избраните организации, локални партнери на кампањата, ќе бидат информирани на 18 јануари 2018 година.

 За дополнителни информации контактирајте на e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или на тел. 070 308 746.

Кампањата „365 работнички права за младите“ се реализира со поддршка од Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија и Македонија, Агенција за млади и спорт на Република Македонија и Коалиција СЕГА. 


Print   Email