Call Us
Email at
Office Hrs
Monday - Friday: 09.00am until 16.30pm
First Network of Youth Organizations in Macedonia!
Тимот на Коалиција на младински организации СЕГА денес започна со спроведување на Националната работилница за креирање на позициски документ со препораки за превенција на насилен екстремизам меѓу младите.
Настанот се одржува во периодот од 13-16 јуни 2019 година, во Хотел Бисер, Струга. На работилницата учествуваат млади и донесувачи на одлуки од релевантни институции во Р. С. Македонија.
Националната работилница е дел од рамките на проектот „Младинска работа во превенција од насилен екстремизам“ кој го имплементира Коалиција на младински огранизации СЕГА, со поддршка од Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус +, Клучна акција 3 – Структурен дијалог.