ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ

Коалиција на младински организации СЕГА објавува Оглас за Проектен асистент со полно работно време, во Извршната канцеларија на СЕГА во Прилеп.

За СЕГА:

Коалиција на младински организации СЕГА е национална платформа на младински организации, со повеќе од 20 години искуство во застапување за потребната законска легислатива за младинско учество, информирање, вработување и активизам.

Мисија на СЕГА

СЕГА работи на развивање и примена на младински политики на локално и национално ниво, ги поврзува и јакне младинските организации со цел активирање на младите, зајакнување на нивната социјална одговорност, подобрување на условите за учество во демократските процеси, нивен личен и професионален развој.

Работни задачи и одговорности на Проектниот асистент:

  • Спроведува програмски и оперативни активности
  • Остварува редовна комуникација со партнерски организации и со институциите кои се релевантни за проектите на СЕГА
  • Ги промовира проектните активности и резултати на СЕГА пред целните групи, социјалните мрежи, медиумите и другите чинители
  • Обезбедува логистичка поддршка во реализирањето на активностите во состав на Централната Канцеларија на СЕГА
  • Организира состаноци на ниво на Коалиција СЕГА
  • Прибира податоци и подготвува извештаи за текот на спроведувањето на активностите од својот делокруг на работа
  • Врши административни работи
  • Врши други работи по налог на Раководителот на програми

Потребни квалификации и искуства на кандидатите:

  • Завршено високо образование (или најмалку 3 години релевантно работно искуство наведено подолу)
  • Солидно познавање на Раководење со проектен циклус
  • Најмалку 2 години искуство во спроведување проекти
  • Познавање на архивско работење и водење на архива
  • Активно користење на MS Office
  • Одлични организациски и аналитички способности
  • Одговорност и навременост
  • Одлични комуникациски вештини
  • Познавање и работа со социјални мрежи
  • Чувство на одговорност во извршувањето на поставените задачи
  • Креативност во пристапот, иницијативност и способност за работа во тим
  • Одлично познавање и употреба на англискиот јазик (говор и пишување)

*Предност ќе имаат кандидати кои имаат работно искуство во здруженија или фондации.

Коалиција СЕГА овозможува:

  • Флексибилна работа во динамична средина
  • Менторство и поддршка од тимот на СЕГА
  • Можности за професионална и лична надградба

Работно време:

40 часа преку неделата (понеделник - петок работно време, од 09:00 до 17:00)

Работен однос

Работниот однос ќе биде на определено време започнувајќи во текот на месец мај 2025 година, предвидувајќи договор за работен однос со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување (Износот на нето плата ќе биде утврден во согласност со компетенциите на избраното лице).

Пробен период

Првите 30 дена од вработувањето ќе се сметаат како пробен период, во согласност со природата на зададените задачи. Во овој период, новиот вработен ќе има можност да ја прикаже својата способност за вршење на доделените работни задачи и да се вклопи во работниот тим.

Потребни документи за аплицирање на заинтересираните кандидати

  • Кратка биографија (на македонски јазик)
  • Мотивациско писмо (на македонски јазик)
  • Препораки од претходни работни места

Целосната документација да се достави најдоцна до 30 април 2025 година на емаил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Селектираните кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју во рок од седум дена од завршувањето на огласот.

Дополнителни информации на телефон 048 429 390, или на е-маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Еднакви можности за вработување

Коалиција СЕГА одржува строга политика на еднакви можности за вработување, и обезбедува еднакви можности за сите вработени и апликанти за вработување. Организацијата ангажира, обучува, промовира, компензира и разрешува вработени без оглед на раса, боја, религија, пол, сексуална ориентација, националност, возраст, брачен статус, државјанство, како и други групи заштитени со закон. Дискриминацијата против вработените врз основа на било кој од овие фактори е забранета.


Print   Email