Запознајте се со Еко Логик

Запознајте се со Еко Логик

Еко Логик е втора година по ред придружна членка на семејството на Коалиција СЕГА. Коалиција СЕГА со помош на своите основни и придружни членки во кој е вклучен нивниот активен придонес има постигнато многу за младите на локално, регионално и национално ниво.

#ВолонтирајИнспирирај #15годиниСЕГА

Еко Логик е организација која е оформена во 2011 година, со мисија да го подобри едукативниот систем во Македонија, базирано на принципите на неформалното образование, исто така е посветена на заштита и зачувување на животната средина, промоција на современи еколошки практики, како и следење и промовирање на принципот на одржлив развој. Нашата организација ги охрабрува и поддржува позитивните промени во животната средина. Еко Логик работи во полето на промоција на одржливиот развој, заштита на животната средина, и велосипедизмот. Она што ја издвојува Еко Логик како организација е воведувањето и креирањето на иновативни методологии и пристапи во реализација на образовниот процес, во форма на едукативни игри. Дополнително, Еко Логик е и верифициран спроведувач на обуки за возрасни, во полето на одржливиот развој.

Оваа година СЕГА заедно со своите членки слави 15ти јубилеен роденден. 
Во рамките на одбележувањето на нашиот заеднички јубилеј, креиравме Национална Кампања на тема за која веруваме дека ги поврзува сите наши организации членки. Националната Кампања под мотото „ВОЛОНТИРАЈ за доброто на твојата заедница! ИНСПИРИРАЈ ги младите околу тебе!“ има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање на младите во нашата земја.


Print   Email