Во рамки на проектот Digital Youth Ventures, во периодот од 24-27 декември се одржа првата компонента од програмата - Обука за методологија за дигитално претприемништво, во просториите на Младински Центар Охрид.
Целта на обуката беше подготвување и оспособување на претставници на младинските центри од Битола, Охрид и Гостивар за понатамошно спроведување на програмата на проектот. Во текот на четири дена беше развиен нацрт план за организирање на четири работилници за дигитално младинско претприемништво со 25 млади од локалните средини.

