Бидете и Вие дел од регионалните младински консултации за унапредување на Законот за младинско учество и младински политики! Вашето мислење е важно, а Вашето учество во дизајнирањето на законската регулатива е од суштинско значење за да се креираат јасни, прецизни и остварливи законски решенија.
21 август 2024, Коалиција на младински организации СЕГА реализираше Тркалезна маса „Како до подобра примена на Законот за младинско учество и младински политики" со клучните чинители за младинските политики и имплементација на Законот за младинско учество и младински политики во Р.С. Македонија.
15 август 2024, во хотел Панорамика, Скопје, Коалиција на младински организации СЕГА ја одржа Завршната Конференција „Влијанието на младите врз креирање одржливи политики“, која е во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“.



