
Биди и ти дел од консултациите за унапредување на Законот за младинско учество и младински политики!
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Коалиција на младински организации СЕГА за потребите од спроведување на проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“, поддржан од регионалниот проект СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, објавува јавен повик за ангажирање на Маркетинг Агенција за развивање на комуникациска стратегија, комуникациски план и креирање на медиумски продукти.